Секој пред да отвори фирма се соочува со многу прашања. Како да отворам фирма; што ќе работам; дали ќе биде успешна; на кого ќе продадам; колкав и каков ми е ризикот; дали можам брзо да ја затворам во случај да не ми оди работата; колку даноци ќе платам; како е најдобро да инвестирам; како да го обезбедам капиталот и другите ресурси и сл.
Имаме доста клиенти кои си ги поставуваа истите прашања за сега да бидат пример за успех.
Нашето искуство е оформено од работењето со мали, средни, големи фирми, како и многу големи корпорации на високо ниво.
Интерес на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ е нашите клиенти, како и новите клиенти да се успешни компании, па затоа и наша цел е да го поттикнеме Вашиот успех и да го намалиме ризикот со кој се соочувате. Успешните фирми се наши најдобри клиенти.
Покрај бесплатна регистрација на фирмите нудиме Поддршка на фирми; Сметководство и Консалтинг/Експертиза
Богато искуство и уникатните услуги кои единствено ние ги нудиме на пазарот и од друга страна успешните случаи кои ги имаме се придонес во реализација на Вашите бизнис интереси.
Фирма има право да регистрира единствено овластен од Централен Регистар на РМ регистрационен агент.
За минимум капитал ги има следните опции:
Минимален основачки капитал на друштвото е 5.000евра или соодветен износ во денарска противвредност или како непаричен влог во еквивалент на истиот износ. Можност постои за уплата на основачкиот капитал во рок од една година како паричен или непаричен влог.
Средствата треба да ги уплатите во банката со која ќе одлучите да работите и како цел на дознака треба да стои: Уплата на основачки капитал за фирмата: Име на фирма
Како уплатил треба да стои лицето (физичко или правно) кое се јавува како основач на фирмата.
Уплатата треба да се изврши пред да се поднесат документите во Централен регистар, а откако ќе се провери дека не постои фирма со ист или сличен назив.
Рекорд кој го има Централниот регистер за регистрација на фирма по добиени документи е 2 саати. ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ најдобро време за регистрација има постигнато 4 саати. Тука не спаќа времето за подготовка на документација и услов е да нема никакви забелешки од страна на Централен регистар. Вообичаено време за регистрација е 1-2 дена.
Основач на фирма може да биде правно и физичко лице. Физичкото лице треба да нема законска попреченост, во смисла да не му е одземена деловната способност, како и да не е спречен по основа на претходна позиција на управител или основач на фирма кај која настапил стечај или бришење од Централен регистар во рок од 3 години.
Да, може повеќе лица да се основачи на фирма и тоа на друштво во називот ќе стои ДОО. Доколку пак е едно лице тогаш ќе стои ДООЕЛ. Лицата можат да имаат различен влог.
- и контакт
Оснивачкиот капитал настојувајте да го одредите според потребите на фирмата.
За да ги утврдите пак потребите на фирмата користете ги следните параметри
Дали да станам ДДВ обврзник веднаш по регистрирањето на фирма или да чекам?
На основа од параметрите (Види параметри 6 линк), утврдете дали ви е исплатливо
да бидете регистрирани за ДДВ.
Главните даноци се следните: ДДВ; Данок од Добивка (ДБ); Персонален
Данок (ПД); придонеси од плата; Фирмарина; Данок на имот и др.
ДБ – до годишен промет од 3.000.000 денари сте ослободени од плаќање.
Од 3.000.000 – 6.000.000 имате право да изберете по поедноставен режим
1% од Вкупен приход или Општ режим на оданочување со 10% од бруто
профит + непризнаени расходи.
Над 6.000.000 денари промет сте со Општ режим на оданочување 10% +
непризнаени расходи.
Персонален данок – 10%
Фирмарина – 7.000 годишно
За специфичности и дополнителни прашања – контакт
Да, трошокот за регистрација е 0 (нула) денари.
По регистрирање на фирмата ќе треба да извадите печат и штембил.
Пластични автоматски печати се отприлика 800-1000 денари секој. Има и
дрвени печати кои се поефтини. Освен трошокот за печати го имате и
трошокот за нотар во износ од 150 денари за заверен ЗП образец кој
ви е потребен за во банка.
Со регистрациониот агент на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ при пополнување на формуларот
склучувате преддоговор за сметковотствени услуги од минимум
3 месеци по цена од 2.000 денари месечно.
За да регистрирате фирма ви е потребен овластен регистрационен агент од страна на Централен регистер на РМ. Централниот регистар издава овластување на лица со професионална дејност адвокати или лиценцирани сметководители, а по претходно посетена обука за регистрација. Ние, имаме овластување за регистрациони агенти.
Основач и управител може да бидат различни лица.
Физичкото лице треба да нема законска попреченост, во смисла да не му е одземена деловната способност, како и да не е спречен по основа на претходната позиција управител или основач на фирма кај која настапил стечај или бришење од Централен регистар во рок од 3 години.
Да, може. Но претходно проверете и со службата на пр. (доколку сте вработени во МВР претходно ви е потребна дозвола од претпоставениот).
Да, може. При тоа доколку се регистрирате за ДДВ, УЈП има право да ви побара имотен лист или договор за кирија.
Поврзани страни се брачен другар, роднини од прв и втор и трет ред, и нивните брачни другари и роднини. Третман на поврзани страни имаат и лица кои се оснивачи или управители во повеќе фирми, и тие фирми се од иста дејност или соработуваат меѓусебно. Потенцијален ризик е доколку трансакциите помеѓу поврзаните лица не се по пазарна вредност да бидат корегирани од страна на УЈП, како и различни фирми да имаат третман како една за даночни цели.
Да може. Но од гледна точка на УЈП можат за даночни цели да ви ги третираат фирмите како една.
Да, може.
Да, може и постапката за него е малку поразлична, инаку има исти даночен третман како и резидентно лице. Сепак специфичности постојат.
Да, може. Процедурата е поразлична. Ве молиме контактирајте не.
Да, регистрираме, и за тоа е потребна малку поразлична процедура.Контактирајте не.