ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ е компанија основана 2007 година од страна на Сузана Ивановска со преку 30 годишно искуство од областа на сметководството и финансиски консалтинг.
Сопственик и управител е Александар Ивановски.
Пред да стане управител на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ работи 7 години за две многу големи меѓународни корпорации на позиции како Финансов директор, а претходно и како Финансов контролор на нивна филијала со годишен буџет од 45 милиони евра.
Големото и различно искуство, надополнето со соодветно формално образование како и различни обуки од областа, во работењето со големи меѓународни корпорации во областа на сметководството и финансиите овозможува проширување на дејноста на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ во областа на давање услуги како ЕКСПЕРТИЗА/КОНСАЛТИНГ и за големи корпорациски клиенти.
Идејата за воспоставување на акцелераторот е обид да се применат принципи од меѓународните искуства во локални услови на основа на способност и креативност со намалување на зависност од останати влијанија.