Поддршка на фирми / акцелератор (за иновативни и потенцијални идеи)
Нашето искуство е оформено од работењето со мали, средни, големи фирми како и многу големи корпорации на високо ниво.
Согледувањето на потребата од спој е очигледна. Од една страна има физички и правни лица со капитал, а од друга страна лица со потенцијални идеи. Нашата улога е како стручен посредник помеѓу нив, да го обезбедиме инвеститорот при што ќе му го намалиме ризикот за очекуваниот принос, а од друга страна да им помогнеме на лицата кои имаат потенцијални идеи истите да ги реализираат на најдобар, најбрз и најсигурен начин.
За кого е наменето?
Сите фирми кои имаат добра иновативна идеја и се спремни да постапуваат со посветеност за нејзина реализација.
Која идеја е добра идеја?
Критериуми по кои се врши селекцијата на идеи се според внатрешно утврдената методологија на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ и таа е составена од основни и дополнителни параметри.
Основни параметри за рангирање на идејата се следни:
- - Дали станува збор за производ или услуга?
- - Доколку е производ – дали е создаден прототип?
- - Дали постои производот / услугата во некој дел од светот?
- - Колкави се трошоците за производство во сооднос на количина?
- - Колкав е периодот на изработка?
- - Дали постои супститут?
- - Колку е лесно достапно производот / услугата да се копира од конкурентски фирми?
- - Колкав и каков е потенцијалниот пазар во земјата и странство?
- - Таргет група на конзументи
- - Квалитетот на бизнис планот што се презентира
Колку е максимален износ на поддршка по клиент?
Максимално вложување по клиент за кое гарантираме на инвеститорот за алокација на средства според договорен план е до 50,000 евра.
Над овој износ на вложување соработката е на основ на преференцијален третман и во согласност со секој инвеститор поединечно.
Каков вид на поддршка се обезбедува?
За носители на потенцијални идеи и за Инвеститор (инвеститори) / бизнис ангел
Услугите на ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ во однос на инвестирање во потенцијални идеи:
- Разгледување и оценка на бизнис план / Упатство за надградба на истиот
- Анализа на инвестиција (основни и дополнителни параметри)
- Помош за финансиска конструкција
- Контакт со инвеститори и учество во дефинирање на релациите со нив
- Учество во утврдување и изработка на планот и динамика на реализација
- Учество во дел од трошоците на фирмата
- Мониторинг на резултатот од работењето
- Анализа на резултатот од работењето
- Други услуги (виртуелна канцеларија, сметководство, М&С, вмрежување и сл.)
Отворен тип на инвестиции
- Чекори / постапка
- 1. Првата селекција за потенцијална идеја за инвестирање ја врши ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ. Доколку оцениме дека може да е со висок потенцијал ги информираме потенцијалните инвеститори и вршиме состанок и презентација на самата идеја, а директно со лицето носител на истата.
- 2. Доколку инвеститорот се реши да ја поддржи идејата, се креира план за реализација со динамика во извршувањето. Понатаму се дефинираат условите под кои ќе се реализира планот. Можно, но не и задолжително е инвеститорот да бара да учествува во капиталот на друштвото. На барање на инвеститорот вршиме и длабинска анализа за потенцијалнот на идејата.
- 3. ИВАНОВСКИ КОНСАЛТИНГ врши мониторинг на реализацијата на планот со негова динамика и го обавестува инвеститорот за динамиката како и за евентуални отстапки од договореното. Исто така врши анализа на резултатот во споредба со планираното.
- 4. Наградите се дефинираат од процент на успешност за секоја инволвирана страна